Русија и Кина ја блокираа Америка во Советот за безбедност на ОН: САД сакале да го поддржат Гваидо, Русија бара дијалог

Точка

26/01/2019

17:56

6.405

Големина на фонт

а а а

Русија и Кина денес ја отфрлиле американската нацрт резолуција во Советот за безбедност на ОН за Венецуела, во која се предложува "целосна поддршка" за парламентот кој го предводи опозицијата на Хуан Гваидо, соопштиле дипломатски извори.

Во текстот во кој увид имала агенцијата "France Presse", се истакнува ангажманот на парламентот кон воспоставување на демократија и правна држава во Венецуела, како и недостиг на "законитости" на последните претседателски избори. Исто така, се осудува и употребата на сила на полицијата над демонстрантите. 

Русија и Кина го отфрлиле текстот кој го предложиле САД. Русија поднела свој предлог во кој бара политички дијалог во Венецуела, што САД отфрлиле.

##https://twitter.com/SputnikInt/status/1089169032060772353##

Седницата на Советот за безбедност на ОН за Венецуела е закажана за денес попладне, на барање на САД.

Русија, Кина, Јужна Африка и Екваторијална Гвинеја безуспешно се обиделе да ја блокираат седницата на Советот за безбедност на ОН за Венецуела, свикана на барање на САД.

Овие четири држави издале соопштение во кое наведуваат дека пружаат целосна поддршка за националното собрание на Венецуела, "како единствена демократски избрана институција", пренесува "Reuters".

Париз и Берлин, членови на Советот за безбедност при ОН, денес му поставиле ултиматум на претседателот на Венецуела Николас Мадуро, на кого му е даден рок од осум дена да распише избори. Ако не го направи тоа, Франција, Германија и Шпанија се подготвени да го признаат Гваидо за привремен претседател на Венецуела.

Гваидо, инаку претседател на парламентот, единствената институција под контрола на опозицијата, во средата на протестите во Каракас се прогласил за привремен претседател. Длабоката политичка и економска криза веќе долго време ја погодува Венецуела, на која САД и вовеле санкции.




Спонзорирани линкови

Маркетинг