Владата: Честитки до сите граѓани на двете земји за мирот, прогресот и развојот што ги носи ратификуваниот договор од Преспа

Макфакс

25/01/2019

17:54

875

Големина на фонт

а а а

Владата на Република Македонија силно ја поздравува одлуката на парламентот на Република Грција да го ратификува историскиот договор од Преспа со кој се става крај на тридеценискиот спор што го попречуваше развојот во регионот.

Владата им честита на сите граѓани на двете земји за мирот, прогресот и развојот што ги носи овој договор и ги охрабрува да ги интензивираат соработките, поврзувањата и пријателствата.

„Преку изнаоѓањето на македонско-грчкото решение, Балканот, Европа и светот добија нов модел за градење пријателства и соработки меѓу народите и државите. Владата им се заблагодарува на сите граѓански, политички и други фактори што го поддржаа договорот и кои им дадоа ветер во грбот на историските решенија вградени во него“, се наведува во владиното соопштение.



Спонзорирани линкови

Маркетинг