Укината забраната за камиони на планинскиот премин Барбарос

Макфакс

25/01/2019

16:56

926

Големина на фонт

а а а

Од 15 часот и 30 минути на патот Македонски Брод – Прилеп укината е забраната за движење на тешки моторни возила преку планинскиот премин Барбарос, информираат од Авто-мото сојузот на Макеоднија.

Забрани за тешки товарни возила и натаму има на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, од 7:35 часот е воведена забрана на движење за тешки товарни возила и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка, забрана има и на патот Дебар – Маврови Анови и обратно и на планинскиот премин Стража.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.



Спонзорирани линкови

Маркетинг