Мицкоски не кажува дали го поддржува Ѓорчев

Макфакс

25/01/2019

16:43

670

Големина на фонт

а а а

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не кажа дали го поддржува пратеникот, Владимир Ѓорчев, кој се пријави на огласот што го распиша ВМРО-ДПМНЕ, за кандидат за претседател на Македонија.

Мицкоски рече дека ќе го поддржи кандидатот кој ВМРО-ДПМНЕ ќе го избере на конвенцијата на 16 февруари.

На новинарско прашање дали ќе прифатат скратени рокови или ќе инсистираат на сто дена пржинска влада, Мицкоски порача дека власта треба да го почитува законот за влада, кој важи и за предвремени и за редовни избори.

„Откако е Заев на власт, постојано правиме компромиси. Во принцип сум легалист и сум за почитување на правото и правдата“, додаде тој.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ не ја добие довербата на претседателските избори, Мицкоски не беше дециден дали ќе поднесе политичка одговорност. За тоа ќе одлучувале органите на партијата откако ќе се направеле анализи по изборите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг