Русија му одговори на Пацоли: Непризнаените признаваат непризнаени

Макфакс

24/01/2019

19:55

3.509

Големина на фонт

а а а

Заменик-амбасадорот на Русија при Обединетите нации, Дмитриј Пољански одговори на денешната објава на „Твитер“ профилот на косовскиот министер за надворешни работи, Беџет Пацоли.

Пацоли претходно напиша дека Приштина го признала Хуан Гуаидо, како привремен претседател на Венецуела.

„Непризнаените признаваат непризнаени. Светот трепери со страв ..”, напиша Пољански на „Твитер“, одговарајќи на објавата на Пацоли.

За време на вчерашниот протест, претседателот на парламентот на Венецуела, единствената институција контролирана од опозицијата, Хуан Гуаидо, се прогласи за преоден претседател на државата пред десетици илјади приврзаници во Каракас. Гуаидо (35) неодамна повика на протести со образложение дека во земјата треба да се формира преодна влада.



Спонзорирани линкови

Маркетинг