Малезискиот крал, Мухамет Петти од Келантан, кој се откажал од престолот, се разведува од поранешната московска мисица Оксана Војводина, соопштиле руските медиуми.
Според пишувањата во магазинот „Starhit“, односите на поранешната мисица и кралот се разнишани, но самите сопружници сè уште не ја потврдиле веста за претстојниот развод.

Според гласините, Мухамед Петти и Оксана, кои само пред неколку месеци стапиле во брак, често се расправаат. Имено, двете страни ги подготвуваат сите потребни документи за процесот за развод.
Изборот на новиот крал е одржан на заседанието на Советот за малезиски владетели, во главниот град Куала Лумпур, кој го претседавал султанот на државата Теренгану.
Новиот крал на Малезија, султанот Абдулах, е 59-годишен спортист и спонзор на националните спортски програми, исто така е претседател на малезиската Фудбалска федерација и член на одборот на ФИФА.








