Ќосето до Ѓорчев: Требаше досега да ги посетиш фамилиите на затворените за 27, а не откако најави кандидатура за претседател

Макфакс

24/01/2019

17:40

1.068

Големина на фонт

а а а

Горан Ангелов – Ќосето обвинет за случувањата од крвавиот четврток, преку социјалните мрежи му се обрати на пратеникот Влатко Ѓорчев велејќи дека досега требало да ги посети семејствата на затворените за случувањата од 27 април, а не откако најави кандидатура за претседател.

„Влатко, да најдеше минута време да ги посетеше фамилиите на затворените од 27. И тие луѓе имаат деца, не чуваат мачиња, знае тој како е, има четири. 15 месеци никој не собра храброст да посети ниту едно дете од гореспоменатите семејства, сега ќе барал гласови и ќе посетел секого“, напиша Ангелов на својот фејсбук-профил.

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ вчера ја извести јавноста дека ќе се кандидира за претседател на Република Македонија велејќи дека ќе го посети секој град и село во предизборната кампања.

Ангелов, пак, останува на обвинителната клупа за крвавиот четврток откако Апелацискиот суд ја одби неговата жалба на одлуката на кривичниот суд да не биде амнестиран за случувањата од 27 април во Собранието на РМ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг