Брегзитот и Венецуела клучни теми на Светскиот економски форум во Давос

Макфакс

24/01/2019

12:36

750

Големина на фонт

а а а

Последиците од најновите настани во Венецуела и неизвесноста околу излезот на Белика Британија од Европската Унија ќе бидат клучни теми на денешните дискусии на Светскиот економски форум во Давос.

Денеска и утре ќе се разговара за брегзитот, глобалната трговија, посебно за спорот помеѓу САД и Кина, климатските промени, светските политички и бизнис елити и она што се случува во Венецуела, откако САД го признаа опозициониот лидер, Хуан Гуаидо за привремен претседател, пренесе „АП“.

Светскиот економски форум во Давос почна на 22 јанури, а ќе заврши утре.

Македонската делегација на форумот ја предводи премиерот, Зоран Заев кој во текот на денот ќе се состане со еврокомесарот, Јоханес Хан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг