МТСП: Пензиите се редовни и продолжуваат да растат

Макфакс

24/01/2019

12:06

1.156

Големина на фонт

а а а

Неодговорното однесување на претходното раководство, погрешните политики и ад хок покачувања на пензии, надвор од законската рамка за 10 години направи дупка од околу 15 милијарди денари во фондот за ПИОМ, велат од Министерстото за труд и социјална политика преку соопштение.

„Со пензиската реформа на актуелната Влада, која стартуваше од почетокот на јануари, обезбедуваме стабилна исплата и континуиран раст на пензиите, без при тоа да се замрзнуваат и да се зголемува старосната граница за пензионирање. Со закон воведуваме редовно усогласување на пензиите. Пензиите ќе се усогласуваат двапати во годината, и тоа 100 процнети со порастот на трошоците на живот, наместо 50 отсто како што беше претходно. Воведена е и законска одредба со којашто ќе има дополнително усогласување на пензиите од 1 април, доколку бруто домашниот производ во претходната година има реален пораст над 4 проценти“, се вели во соопштението на МТСП.

Од Министерството додаваат дека статистичките параметри покажуваат евидентен раст на пензиите во Македонија. Така, во 2016 година просечната пензија изнесувала 13.754 денари, во 2017 година 13.954 денари, а во 2018 година 14.421 денари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг