Не личи на себе: Мадона повторно ја изненади јавноста со драстична промена на изгледот

Точка

23/01/2019

21:38

6.030

Големина на фонт

а а а

Кралицата на поп музиката, Мадона отсекогаш сакала да експериментира со модата и да ги диктира трендовите. Меѓутоа, веќе со години носи руса коса.

Мадона сега има кратка црна фризура, и изгледа речиси непрепознатливо, а со оваа промена успеала уште еднаш да ја шокира јавноста.

Мадона со години експериментира со бојата на косата и фризурата, но секогаш се враќала во „групата“ на русокоси.


Последен пат имала црна коса пред три години, но таа „љубов“ кратко траела.

Овие денови на Инстаграм објавила две фотографии на кои има кратка црна коса и изгледа непрепознатливо.


Всушност, не е познато дали Мадона навистина ја исфарбала косата или можеби станува збор за перика - но во секој случај, успеала да предизвика реакции.




Спонзорирани линкови

Маркетинг