Дали вака ќе изгледа новиот Galaxy S10?

Точка

23/01/2019

18:24

3.355

Големина на фонт

а а а

Останува уште еден месец до претставувањето на јубилејната 10-та генерација од Galaxy S серијата на јужнокорејски Самсунг.

Galaxy S10 е еден од најисчекуваните телефони на годината, а Самсунг неодамна потврди дека овој телефон ќе биде претставен во февруари на Mobile World Congress во Барселона.

Еден од најпознатите инсајдери кој ретко знае да погреши посебно кога станува збор за Андроид паметните телефони, Иван Блес објави на својот профил на социјалната мрежа Твитер фотографии од трите верзии на Galaxy S10, почнувајќи со Galaxy S10 Lite (лево), Galaxy S10 (средина) и Galaxy S10+ (десно).

На фотографиите не може да се види ништо освен трите камери на задната страна за кои што веќе подолго време кружат гласини, новите копчиња за Bixby и 3,5 милиметарскиот влез за аудио на дното од телефоните.

Кога станува збор за димензиите на екраните на трите модели на десетата генерација на Galaxy S, најверојатно најмалиот ќе има екран со дијагонала од 5,8 инчи, средниот од 6,1 инчи, а најголемиот модел би требало да има екран со дијагонала од 6,4 инчи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг