Руската војска открила податоци за "мистериозната" ракета "9М7289": Недопустливо е барањето на САД таа да се уништи

Точка

23/01/2019

19:16

5.848

Големина на фонт

а а а

Претставници на САД одбиле да присуствуваат на денешниот брифинг на Министерството за одбрана.

Министерството за одбрана на Русија одржало брифинг за аташеата на странски држави и новинари за мистериозната руската ракета 9M729. 

САД сметаат дека оваа ракета не е во склад со Договорот за ликвидација на ракети со среден и мал дострел, што Москва неколку пати негирала.

"Неодамна американската страна презема уште еден деструктивен чекор. На високо ниво беше кажано дека Вашингтон планира да излезе од договорот. Практично, веднаш тоа ни го потврдија преку билатерални канали и јасно ни објаснија дека тој чекор не е повик на дијалог, туку е конечна одлука која е донесена земајќи ја во предвид целокупната ситуација", рекол Рјабков пред новинарите и аташеата.

Како што е познато, додал тој, коренот на насобраните проблеми е постоењето на меѓусебни замерки меѓу Русија и САД по прашањето за почитувањето на договорот. Во текот на повеќегодишните дискусии, нема успех во приближување на позициите.

"По наше длабоко убедување, тоа настана само поради политиките на Вашингтон и начинот на кој тие се водени", изјавил Рјабков.

Сегашната ситуација околу договорот за ликвидација на ракети со среден дострел и мал дострел настанала исклучиво поради одбивањето на Вашингтон да го прифати дијалогот, рекол заменик шефот за дипломатија на Русија, Сергеј Рјабков.

Тој додал дека САД уште не објасниле на основа на кои информации дошле до заклучок дека ракетата е тестирана на дострел кој не е во склад со Договорот за ликвидација на ракети со краток и среден дострел.

"Долго време САД јасно одбивале да наведат конкретен тип на ракети во рускиот арсенал, ограничувајќи се на навестувања и повикувајќи се на некои мистериозни разузнавачки податоци. Само пред една година САД соопштија дека станува збор за ракетата 9M729. Меѓутоа, уште не објасниле на основа на кои податоци оваа ракета не ги исполнува критериумите на договорот", додал Рјабков.

Ракетата 9M729 не можела да биде тестирана на забранет дострел - над 500 километри - бидејќи за тоа не била направена, додал тој и нагласил дека апсолутно е недопустливо барањето на САД таа да се уништи.

Извештај на војската

Максималниот дострел на ракетата 9M729 бил намален за 10 километри и изнесува 480 километри, што е во склад со Договорот за ликвидација на ракети со среден и краток дострел, соопштил началникот на Ракетните сили и артилерии на Вооружените сили на Русија, Михаил Матвејевски.

"Во текот на модернизацијата, максималниот дострел на ракетата 9M729 е намален за 10 километри во споредба со ракетата 9M728 и изнесува 480 километри. Наведениот дострел е потврден во текот на стратешко-командните воени вежби "Запад-2017"", рекол началникот на Ракетните и артилериски сили на руската војска Михаил Матвејевски.

На полигонот Капустин јар во Астраханската област се тестираат различни видови на оружје.

Како што навел генералот, од 2008-ма до 2014-та година таму биле изведени повеќе од 100 лансирања на различни ракети. Меѓутоа, сите биле изведени во дострел кој е во склад со Договорот за ракети.

Исклучок се само лансирањата на ракети од стратешки средства, за што биле известувани САД во рамките на Договорот од 1982-ра година.

Претставници на САД одбиле да присуствуваат на денешниот брифинг на Министерството за одбрана.



Спонзорирани линкови

Маркетинг