Таткото на исчезнатиот Сала: Очаен сум, се надевам дека ќе биде добро!

Макфакс

22/01/2019

17:14

1.387

Големина на фонт

а а а

Хорацио, таткото на исчезнатиот аргентински фудбалер Емилијано Сала кој беше во авионот кој го нема на радарите, а се движеше од Нант до Кардиф вели дека е очаен и немаат никакви информации.

Хорацио, таткото на исчезнатиот аргентински фудбалер Емилијано Сала кој беше во авионот кој го нема на радарите, а се движеше од Нант до Кардиф вели дека е очаен и немаат никакви информации.

„Последен пат се слушнавме во неделата. Немам никакви информации, во Розарио сум, очаен сум. Се надевам дека се ќе биде во ред Емилијано“ – вели Хорацио.

Инаку сеуште трае потрагата по фудбалерот кој со мал авион заминал во Нант за да се поздрави со екс-соиграчите по неговото преминување во редовите на премиерлигашот Кардиф, но авионот на враќање кон Велика Британија исчезнал од радарите.

Минатиот викенд Аргентинецот Сала потпиша договор со Кардиф за 17 милиони евра, со што стана најскапо засилување за клубот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг