Обид за воен удар во Венецуела: Уапсена група побунети војници

Точка

21/01/2019

15:48

1.421

Големина на фонт

а а а

Вооружените сили на Венецуела уапсиле група војници кои се обиделе да се востанат против владата во Каракас, соопштило министерството за одбрана на таа земја.

Шефот на националниот уставотворен совет на Венецуела, Диосдадо Кабељо, соопштил дека била уапсена помала група на побунети војници.

"Повторно нашите вооружени сили апсат мала група на крадци и предавници на татковината, кои украле оружје за да вршат насилство и да создаваат грижи кај населението. Ќе победиме", напишал Кабељо на Твитер.




Спонзорирани линкови

Маркетинг