Раониќ со лекција за Зверев: Младиот Германец го искрши својот рекет

Дерби

21/01/2019

13:52

1.721

Големина на фонт

а а а

Искусниот канадски тенисер, Милош Раониќ со стил го совлада талентираниот Александер Зверев и со тоа се пласираше во четвртфиналето од Австралија Опен.

Иако улогата на фаворит на овој натпревар му припадна на младиот Зверев кој беше четврти носител на турнирот, Раониќ го победи со „чисти“ 3:0 и му одржа вистинска тениска лекција.

Првите два сета Канаѓанецот ги доби со убедливи и неочекувани 6:1, додека во третиот сет Зверев ја врати својата игра, но не успеа во тајбрејкот да го скрши Раониќ.

Целиот бесен и во немоќ, Александер Зверев сета мака ја истури врз рекетот кој го искрши на најситни парчиња.



Спонзорирани линкови

Маркетинг