Овој компјутер е попрецизен од Нострадамус: Активиран тајно во 1973-та година, сите предвидувања му се точни, а еве што вели за загадувањето

Точка

19/01/2019

15:59

6.591

Големина на фонт

а а а

Во 1973-та година компјутерскиот програм кој бил развиен на американскиот MIT, требало да помогне во изработка на модел за глобална одржливост. Наместо тоа, тој прогнозирал дека до 2040-та година нашата цивилизација ќе исчезне.

Иако повеќето апокалиптични проекции и најави во текот на историјата се покажале како неточни, тоа што овој компјутер го кажал во својата анализа, засега се покажува како многу точно, пишува "Big Think". 

Самото предвидување го дал програмот "World One", кој оригинално бил креиран од компјутерскиот пионер Џеј Форестер, на барање на организацијата "Club of Rome". Станува збор за невладина организација која ја сочинуваат мислители, некогашни светски лидери, научници и бирократи од ОН, со цел промоција на разбирањето на глобалните предизвици со кои се соочува човештвото и предлози за решавање преку научна анализа, комуникација и дискутирање на идеи.

"World One" покажал дека до 2040-та година ќе има глобален колапс ако се продолжи со досегашната експанзија на популацијата и индустријата како што било тоа досега. Моделот ги пресметал трендовите кога станува збор за загадувањето, растот на популацијата, количината на природните ресурси и целокупниот квалитет на животот на планетата. Сите негови предвидувања се покажале како загрижувачки точни, барем засега. 2020-та година е една од главните пресвртници кои ги споменува "World One". Тогаш, прогнозира, радикално треба да се намали квалитетот на животот. Во тоа сценарио би требало да "исчезнат" голем број на луѓе.

"Во 2020-та година условите на планетата стануваат критични. Ако не направиме ништо околу тоа, квалитетот на животот ќе падне на нула. Загадувањето е такво што почнува да убива, популацијата паѓа на ниво под тоа во 1900-та година. Во таа фаза невозможно е да се сопре крајот на цивилизираниот живот каков што го познаваме", се прилагодиле експертите на зборовите на компјутерот.

Алкесандер Кинг, тогаш лидер на "Club of Rome", рекол дека програмот рекол дека државите ќе го изгубат својот суверенитет, а корпорациите ќе владеат со сите.

"Суверенитетот повеќе нема да биде апсолутен, константно ќе го нагризуваат, се додека не исчезне, дури и во најмоќните нации". "World One", лаички кажано, светот го гледа како еден систем. Извештајот за неговата работа тоа го опишува како "реакција на нашето однесување од 1900-та година" и каде тоа ќе не однесе. Програмот произведува графи кои покажуваат што ќе се случува со планетата во иднина. Ги собира податоците и варијаблите за популацијата, квалитетот на животот, ресурсите, загадувањето, БДП, енергетиката...Следните линии кои ги означуваат трендовите можно е да кажат каде оди светот и која следна криза не очекува.

"Club of Rome" најавил дека некои нации, како САД, ќе мора да ги намалат апетитите за ресурси. Се надева дека, еден ден, престижот ќе произлегува од малата и контролирана потрошувачка, но тоа не е воопшто блиску. Моментално, според податоците на СЗО, девет од десет луѓе дишат многу загаден воздух и повеќе од седум милиони смртни случаи годишно можат да му се препишат на загадувањето.

"World One" досега се покажал застрашувачки точен, а времето ќе покаже дали ќе остане така до крај.



Спонзорирани линкови

Маркетинг