Прекинале британски специјалец во шопинг: Еве зошто на терористите од Најроби тоа им било фатална грешка

Точка

18/01/2019

20:53

9.052

Големина на фонт

а а а

Британски специјалец бил на шопинг во Најроби кога слушнал дека во тек е терористички напад на луксузен хотел. За неколку минути ја извадил неопходната опрема од багажникот и тргнал во пресметка.

Пет тешко вооружени исламистички терористи нападнале луксузен хотелски комплекс во Најроби. Зад себе оставиле 21 убиен цивил, но тој број би бил поголем ако во борбата не се приклучел и тој. 

Надзорните камери го снимиле моментот во кој специјалецот кој не бил на должност влегува во комплексот и тргнува во одбрана и спасување на преплашените луѓе со помош на една модифицирана колт пушка, Глок и еден нож, пишува "Daily Mail". Лицето го покрил со маска.

Наводно тој бил на шопинг во градот кога слушнал дека во тек е терористички напад, па во тој момент од багажникот на својот автомобил ја извадил потребната опрема и тргнал кон местото на нападот.

"Имал опрема во автомобилот па, кога почнал нападот, истрчал до него и се опремил пред да тргне во акција. Кога дошол до хотелот почнал со организација на целата операција, давајќи им упатства на полицајците и војската. После тоа и јас влегов во хотелот за да убивам непријатели и да спасувам заложници. Беше неверојатно подготвен и храбар", рекол ветеранот на SAS, Крис Рајан за "Mirror".




Спонзорирани линкови

Маркетинг