Димовски: Следува комплициран избор на антикорупциска комисија

Макфакс

18/01/2019

16:16

1.235

Големина на фонт

а а а

Конкурсот за избор на членови на антикорупциската комисија објавен во октомври денеска беше поништен за да може да се објави нов оглас во согласност со новодонесениот закон за спречување корупција и судир на интереси.

Претседателот на Комисијата за избори и именувања, Илија Димовски, рече дека со новиот закон ќе биде покомплициран изборот на антикорупционерите.

„Новата процедура за избор на членови ќе биде покомплицирана затоа што ќе треба да имаме јасно пропишани критериуми од страна на претседателот на Собранието и јасно пропишани рокови, кои поради одржување на претседателските избори, ќе бидат прилично стеснети. Ќе треба оваа наша Комисија за избори и именувања да состави комисија за селекција, која ќе биде составена од седум члена – двајца од власта, двајца од опозицијата, двајца претствнници од телата за соработка помеѓу Владата со здруженијата и со фондациите и со граѓанскиот сектор и еден по предлог на народниот правобранител“, рече Димовски.

Димовски додаде дека првпат се предвидуваат јавни интервјуа со претставници од МАНУ, од Интерпарламнетарна унија, здруженија на граѓани кои ќе се пријават да бидат дел од процесот на јавни интервјуа со интервјуирање пријавени кандидати на огласот.

На поништениот оглас биле пријавени 39 кандидати за членови во антикорупциската комисија, а новиот оглас треба да го објави претседателот на Собранието по објавувањето на законот во „Службен весник“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг