Трамп подготвува потег кој ќе го преврти светот наопаку: САД го напушта НАТО? Сојузниците во паника, Путин добива подарок на векот

Точка

18/01/2019

18:20

8.183

Големина на фонт

а а а

Американските службеници задолжени за национална безбедност стравуваат дека претседателот Доналд Трамп не се откажал од желбата да ги повлече САД од членството во НАТО, што неколку пати нагласил во текот на 2018-та година.

Општа паника избила во редовите на западниот естаблишмент, откако водечките медиуми во Вашингтон објавиле дека Трамп ја разгледува можноста за излегување на САД од северно-атлантската алијанса. 

Стравот бил зголемен и поради "фактот дека американскиот лидер сака да ги држи во тајност деталите од својата средба со рускиот претседател Владимир Путин, дури и од своите лични соработници и подалеку од истрагата на ФБИ за односите на администрацијата на Вашингтон со Русија", пренесува "New York Times".

Весникот наведува дека доколку овој потег навистина се спроведе, влијанието на Америка во светот ќе ослаби, а ќе и овозможи на Русија да го прошири влијанието во Европа. Пензионираниот адмирал Џејмс Ставридис, поранешен командант на здружената команда на НАТО, смета дека американското повлекување би било геополитичка грешка од епски размери.

"Дури и самиот разговор за идејата за напуштање на НАТО, а не па и чинот на самото напуштање, би било подарок на векот за Путин", смета адмиралот Ставридис.

Сегашните и поранешни службеници на САД, кои ја поддржуваат Алијансата, се плашат дека Трамп би можел да се врати на своите намери од минатата година, бидејќи смета и натаму дека издвојувањата за војската кои ги барал од останатите членки не го достигнале задоволителното ниво.

Медиумите потсетуваат и на однесувањето на американскиот претседател кон НАТО сојузниците во текот на собирите на Алијансата, како и цврстите барања кои ги изнесувал за воената потрошувачка. НАТО членките се во голема паника по оставката на Џејмс Матис, сега веќе поранешен секретар за одбрана на САД, кој бил виден како човек кој работел за нив.

Масло на огнот долеал и фактот дека Трамп водел разговори со Путин зад затворени врати, а дека деталите од состанокот не ги знаат дури ни неговите најблиски соработници. Се истакнува дека, доколку САД навистина излезат од НАТО, најголема корист ќе има толку Владимир Путин.

Организацијата која постои од 1949-та година е основана за да спречи таканаречена "агресија на СССР" против Европа. Меѓутоа, минатите половина век станало јасно дека НАТО е агресивна, а не дефанзивна организација, која повеќе нема цел.

Да потсетиме, пред самитот на НАТО минатата година Трамп на своите луѓе во секторот за национална безбедност рекол дека не ја гледа целта на НАТО, организација која финансиски ги исцрпува САД. Во тоа време, тимот на Трамп за национална безбедност настојувал да ја сочува американската стратегија без споменување на повлекување од НАТО, кое драстично би го намалило влијанието на Вашингтон во Европа, додека, од друга страна, ќе ја охрабри Москва.



Спонзорирани линкови

Маркетинг