Голема црна дупка може да ја проголта Земјата?

Точка

18/01/2019

14:26

4.167

Големина на фонт

а а а

Не сакаме да ве плашиме, но постои голема црна дупка која лута околу нашата галаксија - Млечниот пат - и која буквално може да ја проголта Земјата, тврдат научниците. И таа не е сама, бидејќи ова е, како што пишува британски "Metro", трето "чудовиште" по ред кое се врти околу Млечниот пат.

Јапонските астрономи веруваат дека забележале црна дупка во центарот на нашиот универзум, а таа, како што се наведува, се однесува како што и очекувале. Тим од научници верува дека темниот ѕвер е "алката која недостасува" меѓу супермасивните дупки во јадрото на нашата галаксија и помалите објекти кои се формираат кога паѓаат ѕвездите. 

Ако се точни претпоставките на научниците, ова би била трета црна дупка со "средна маса" која ја сретнале. Тие не можат да ја видат црната дупка со нормални телескопи, бидејќи тие имаат голема гравитациска сила што дури ни светлината не може да ги избегне.

Но, користејќи го системот "ALMA" - "Atacama Large Millimeter/submillimeter Arrai", тимот од научници успеал да набљудува облак со гас кој се наоѓа во црната дупка.

"Известуваме за откритието на молекуларни гасни текови кои кружат околу невидлив масовен објект во централниот регион на нашата галаксија", напишале научниците и додале дека нивното истражување покажува посредни докази за црната дупка во Галактичкиот центар.




Спонзорирани линкови

Маркетинг