Од раководството на Баерн Минхен потврдија дека не се откажуваат од Ернандез

Дерби

18/01/2019

12:49

848

Големина на фонт

а а а

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ истакна дека нема лесно да се откажат од намерата во своите редови да го донесат Лукас Ернандез, и потврди дека ќе имаат дополнителни преговори со Атлетико Мадрид за можен трансфер во летниот преоден рок.

Во јавноста пред одреден период како бомба одекна веста дека „Баварците“ го договориле трансферот на францускиот репрезентативец, но тоа веднаш беше демантирано од стана на Атлетико Мадрид.

Сега, Салихамиџиќ потврди дека разговарале со луѓето од Атлетико и нагласи дека истото ќе го сторат и во следниот период.

- Веќе одржавме неколку преговори, а ќе има уште во иднина. Тоа што се појави во медиумите за во зимскиот преоден рок е нереално - заклучи Салихамиџиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг