СДСМ: Законот за употреба на јазиците е во согласност со Уставот

Макфакс

16/01/2019

14:30

710

Големина на фонт

а а а

ВМРО-ДПМНЕ предводено од антизападниот Христијан Мицкоски продолжува со деструкциите преку кои работи спротивно на интересите на граѓаните и државата, реагираа од СДСМ на прес-конференцијата на Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против концептот едно општество за сите, концепт што граѓаните силно го поддржаа на последните неколку избори.

Криминалната ВМРО-ДПМНЕ позната по 11 годишното криминално владеење и беззаконие, денес, повторно повикува на непочитување на законите во државата.

Шефот на Мицкоски од Будимпешта се уште дава насоки, а Мицкоски ревносно ги следи и дејствува на штета на државата и граѓаните.

Иако по секоја цена се обидуваа, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не успееја да го блокираат членството во ЕУ и НАТО. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема да успеат да го блокираат напредокот и градењето на еднакво општество на еднакви граѓани.

Волјата на граѓаните, правата на граѓаните и законите мора да бидат почитувани од секого“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Законот за употреба на јазиците, додаваат од партијата е во согласност со Уставот и е сериозен придонес во градењето на концептот едно општество за сите граѓани.



Спонзорирани линкови

Маркетинг