Побегнатата Саудијка: Многу жени немале среќа како мене, исчезнале кога се обиделе да побегнат! Сега јас одлучувам за кого ќе се омажам и дали ќе студирам

Точка

16/01/2019

10:38

2.482

Големина на фонт

а а а

Побегнатата саудиска тинејџерка, која добила азил во Канада откако објавила дека стравува дека нејзиното семејство ќе ја убие бидејќи го отфрлила исламот, прв пат се обратила во јавноста и порачала дека таа, за разлика од многу жени, имала среќа.

Рахаф Мухамед најавила дека својот нов живот во Канада ќе го посвети на борбата за слободата на жените ширум светот. 

"Доаѓањето во Торонто ми овозможи да се најдам меѓу бројни среќници кои сами одлучуваат за својот живот и да ја почувствувам независноста која им е ускратена на жените во мојата татковина".

Таа подвлекла и дека знае по што се разликува од некои жени во нејзината земја.

"Свесна сум дека постојат жени кои немале среќа како јас, и кои исчезнале по обидот да побегнат", рекла оваа 18-годишна девојка.

Оваа тинејџерка го привлекла светското внимание минатата недела кога се забарикадирала во хотелска соба на аеродромот на Тајланд и започнала кампања на Твитер во која навела обвиненија за злоставување од страна на нејзините роднини, кои семејството ги демантирало.

Рахаф по доаѓањето во Канада го отфрлила своето презиме, но не објаснила некои од нејзините постари наводи. Сепак, рекла дека се радува што во Канада нема да има ограничувања и забрани како во својата земја.

"Сакам да бидам независна, да патувам. Сама да донесувам одлуки за моето образование, кариера или за кого треба да омажам. Досега немав никакво влијание на тоа, но сега можам да кажам дека сум во состојба сама да одлучам за тие прашања", рекла таа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг