Македонија со фантастично издание го преслуша и Бахреин, Раул им даде шанса и на помладите

Дерби

13/01/2019

15:46

3.380

Големина на фонт

а а а

Македонските играчи го оправдаа она што го најавуваа во пресрет на дуелот со Бахреин, односно влегоа максимално ангажирано на вториот меч на Светското првенство, а со тоа му овозможија на Раул Гонзалес да им даде шанса и на помладите и понеискусни играчи.

Македонија имаше само една црна дупка на денешниот меч кога при резултат 6:2 не постигна гол десетина минути, период во кој Бахреинците успеаја да се вратат во игра, па дури и да поведат. На неколку минути пред крајот на првиот дел, резултатот беше егал 8:8, но потоа нашите избраници со серија од 4:0 си создадоа пристојана предност и заминаа на пауза со 12:8.

Во второто полувреме, Македонија продолжи со исто темпо и стигна и до максимални плус осум, а тоа го натера Раул да им даде шанса и на млади играчи како Чурлинов, Поповски, Серафимов и Танкоски. Во такви услови, Бахреин на крајот успеа да се избори за попристоен пораз од 28:23, но дефинитивно крајно позитивно од овој натпревар е тоа што составот на Раул одигра далеку подобро во одбраната во спроедба со мечот со Јапонија, што дефинитивно е добар предуслов пред клучните три натпревари на кои ќе ни треба една победа за пласман во втората рунда.

Капитенот Кире Лазаров со осум гола беше исклучително добар и беше прогласен за играч на мечот, следен од Манасков и Кузмановски кои постигнаа по четири погодоци.



Спонзорирани линкови

Маркетинг