Утрово хоспитализирани две бебиња поради морбили

Макфакс

13/01/2019

14:53

1.885

Големина на фонт

а а а

Министерството за здравство информира дека денеска до 10 часот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје биле хоспитализирани уште 2 деца суспектни на морбили.

Станува збор за едно дете од селото Крушопек-Сарај кое има 1 година и едно 9 месечно дете од населбата Шуто Оризари, двете невакцинирани. Тоа значи дека во моментов има 22 болни од морбили, од кои 20 се деца и двајца се возрасни.

Во вакциналните пунктови во Скопје до 13 часот вакцинирани се 10 деца или вкупно до денеска 1,904 лица ја примиле МРП вакцината.

„Уште еднаш повикуваме на вакцинација на децата, иако е прогласена епидемија од морбили. Има доволно количини од МРП вакцините. Апелираме до родителите, уште утре да ги вакцинираат своите невакцинирани деца во вакциналните пунктови, пред почнувањето на второто полугодие. Апелот важи за сите основни училишта во државата“, велат од Министерството за здравство.

Од Министерството додаваат дека вакцините кои се аплицираат во сите здравствени домови се со добар квалитет, од европски производител и имаат добар рок на траење.



Спонзорирани линкови

Маркетинг