Трамп има стратегија за прекин на блокадите, но не ја открива

Макфакс

13/01/2019

12:19

1.384

Големина на фонт

а а а

Претседателот на САД, Доналд Трамп демантира дека нема стратегија за прекин на блокадата на работата во владата на САД, меѓутоа не открива за каква стратегија станува збор.

Гостувајќи на телевизијата „Фокс“, Трамп изјави дека нема идеја дали може да обезбеди договор со претседателот на Претставничкиот дом на американскиот конгрес, Ненси Пелоси, која се противи на неговото барање за изградбата на ѕидот на границата со Мексико, пренесе „АП“.

Спорот околу финансирањето на ѕидот, за што Трамп бара 5,7 милијради долари, е главна причина за блокадите на работата на владата.

Трамп и понатаму не ја изема можноста за воведување на вонредна состојба, со што би можел да ја започне изградбата на ѕидот без одобрение на Конгресот.

Запрашан зошто досега не прогласил вонредна состојба, Трамп вели дека сака да му даде на Конгресот шанса да постапи одговорно.



Спонзорирани линкови

Маркетинг