Трагедиите се повторуваат, нова стравична експлозија на цистерна: 60 лица загинале додека собирале истечена нафта

Точка

12/01/2019

16:10

2.858

Големина на фонт

а а а

Најмалку 12 лица загинаа во експлозија на превртена цистерна која што превезувала нафта во Нигерија, а повредени биле уште 22 лица кои што биле пренесени во болница со тешки изгореници.

Експлозијата се случила откако повеќе луѓето се насобрале околу превртената цистерна за да ја соберат истечената нафта. Според изјавите на сведоци и неофицијални информации, се проценува дека во експлозијата загинале и до 60 лица.

„Полицијата пронајде неколку мртви тела, но многу од нив се запалени“, изјавил еден од сведоците за тамошните медиуми.

Според неговите зборови, тешко е дека било кој во близина на цистерната преживеал, затоа што истекла огромна количина на гориво.

Експлозијата најверојатно била предизвикана од електричен генератор кој што бил користен од некои луѓе за испумпување на горивото, а засега нема информации зошто се превртела цистерната со нафта.

Во слични несреќи во изминатите неколку години, во Нигерија загинаа над стотина лица. Најчесто сиромашните луѓе го ризикуваат сопствениот живот кога ќе има ваква прилика, односно кога ќе се преврти некоја цистерна со нафта.

Пред околу една година, 30 лица загинаа при собирање на нафта од превртена цистерна во иста несреќа, а повеќе од 100 лица го загубија животот во 2008-ма година кога камион во сообраќајна несреќа, удри во нафтовод по што истекла нафта.

45 лица загинаа во 2007-ма година, а во 2006-та година загинаа дури 260 лица откако експлодирал нафтовод кој што бил оштетен од крадци. Најголемата несреќа во Нигерија се случи во 1998-ма година кога се запали цел нафтовод при што загинаа 1000 луѓе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг