Четири хороскопски знаци на кои љубомората им е најистакната карактеристика

Кармин

12/01/2019

13:34

4.538

Големина на фонт

а а а

Љубомората во секоја врска е нормална појава, но само кога е во граници на нормалата. Интензитетот на љубомората се разликува од човек до човек, но зависи и од хороскопскиот знак. Следните знаци важат за најљубоморни партнери.

Риби

Рибите во врската се постојано љубоморни. Тие имаат најголем страв од напуштање, па често си замислуваат некои работи кои всушност не се случуваат. Ако нешто им стане сомнително, подготвени се и да го шпионираат партнерот, за да видат за што станува збор.


Шкорпија

Луѓето родени во знакот на Шкорпија, најтешко ги контролираат своите љубоморни испади. Многу се посветени и не сакаат кога нивната поубава половина е опкружена со друштво од спротивниот пол, кога тие не се присутни.

Лав

Најголемите егоисти, никогаш не би сакале да бидат далеку од центарот на вниманието. Тие многу лесно може да ѝ станат љубоморни и на вашата најдобра пријателка, ако ѝ посветувате премногу внимание.


Овен

Овните важат за опсесивно љубоморни луѓе. Ако целиот ден не му го раскажете до последна ситница и открие дека нешто сте испуштиле, па дури и случајно, Овенот сериозно ќе ви се налути и ќе предизвика голема расправија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk