Лука Дончиќ е неверојатен: Монструозно забивање и нестварна тројка во уште една одлична вечер за него

Дерби

12/01/2019

13:24

1.679

Големина на фонт

а а а

Словенечкиот кошаркар, Лука Дончиќ уште еднаш на дело ги покажа своите несомнени вештини и беше предводник на својот Далас во победата против Минесота со 119:115.

За Дончиќ може да се каже дека ова беше најдобрата негова партија во НБА, а малку фалеше натпреварот да го заврши со трипл-дабл учинок.

Одличниот кошаркар зад своето име запиша 29 поени, 12 асистенции, осум скокови и две украдени топки, а во самиот финиш на натпреварот како да има долгогодишно искуство од вакви натпревари, сам ја презеде одговорноста и донесе значајна победа за својот тим.

Најпрво при резултат 113:112 за Минесота, Дончиќ на брутален начин преку противнички играч заби во кошот, а веќе следната акција со тројка преку човек успеа да донесе предност од 117:115 за својот тим на само 22 секунди до крајот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг