Канада: Автобус удрил во постојка, најмалку три лица загинаа

Макфакс

12/01/2019

11:49

1.100

Големина на фонт

а а а

Најмалку три лица загинаа, а 23 се повредени откако двокатен автобус удрил во автобуска постојка во Отава, Канада.

Сите повредени, како и загинатите биле патници кои чекале автобус на постојката. Од болницата во Отава соопштија дека примиле девет пациенти кои се наоѓаат во критична состојба по несреќата, објави АП.

Фотографиите објавени на социјалната мрежа „Твитер“ покажуваат дека предниот дел од автобусот е значително оштетен и дека дел од автобуската постојка, односно металната конструкција на постојката е забиена во горниот кат од автобусот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг