Заев и Беса се договорија за државјанството, а пратениците без дискусија прифатија

Макфакс

11/01/2019

19:28

1.843

Големина на фонт

а а а

Со 81 пратеник, пратениците на Беса вечерва во Собранието го поддржаа барањето на „Беса“.

Премиерот, Зоран Заев од собраниската говорница изјави дека целта на пратеникот, Фадил Зендели кој е предлагач, не била да го донесе во прашање државјанството, туку барал гаранција етничкиот идентит на останатите заедници да не биде допрен со преводот на државјанството, односно заедниците да не бидат именувани како Македонци. 

Амандманот не бил прифатен во формата во којашто бил поднесен, туку е видоизменет, рече Заев и прочита како ќе гласи. 

„Државјанството, македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, во личните документи и патните исправи на граѓаните се пишува на македонски јазик и неговото кирилско писмо. Државјанството, македонско/граѓанин на Република Северна Македонија во личните документи и патните исправи на граѓаните кои зборуваат службен јазик, различен од македонскиот јазик и неговото кирилско писмо се пишува на македонскиот јазик и неговото писмо и на тој јазик. Истото ќе се утврди на тој јазик, во сите закони каде што треба да се примени“, гласи видоизменетиот амандман, во уставниот законик, што беше изгласан рече Заев.



Спонзорирани линкови

Маркетинг