Покетино откри интересна анегдота поврзана за незаборавниот гол на Солскјер во големото финале во ЛШ

Дерби

11/01/2019

19:45

2.318

Големина на фонт

а а а

Маурисио Покетино ова попладне ја одржа прес-конференцијата во пресрет на големото дерби на „Вембли“ кое оваа недела ќе го одиграат Тотенхем и Манчестер Јунајтед, а додека најголем дел од јавноста го најавува аргентинскиот стручњак како најсериозен конкурент на Оле Гунар Солскјер за менаџерската функција на „Олд Трафорд“, предводникот на лондонскиот клуб откри една интересна анегдота поврзана за Норвежанецот.

Станува збор за незаборавното финале во Лигата на шампионите кое пред 20 години се одигра на „Камп Ноу“, односно за моментот кога Манчестер Јунајтед направи пресврт против Баерн Минхен со два гола во судиското надополнување. Вториот гол беше дело на актуелниот менаџер на Јунајтед, а Покетино обелоденува дека тогаш како член на Еспањол во живо го проследил тоа и многу се израдувал на погодокот на Норвежанецот.

– Бев на трибините кога Солскјер даде гол на „Камп Ноу“ пред 20 години. Бев на трибините заедно со Тони Хименез и бевме сведоци на фантастичен натпревар. Мора да признаам дека навистина многу викав за последниот неверојатен гол на Јунајтед. Во недела ќе го сретнам Солскјер на „Вембли“ и ќе му кажам дека 20 години претходно викав на голот кој тој го постигна, – со насмевка на лицето порача Покетино.



Спонзорирани линкови

Маркетинг