Канческа- Милевска се правда дека не е предавник

Макфакс

11/01/2019

18:41

2.152

Големина на фонт

а а а

Откако премиерот Зоран Заев на собраниската седница за уставните амандмани рече дека не е прифатлив предлог амандманот на пратеничката група независна од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Елизабета Кначеска Милевска во реплика од говорницата наместо да го образложи амандманот се правдаше дека таа и останатите седум пратеници не се предавници. Таа упати и критики до ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев ќе го води сенка дека велеше дека никогаш нема да го смени уставот, но и ВМРО-ДПМНЕ ќе ја прати сенка поради нивниот став да бидат неми набљудувачи и со лажен патриотизам да се служат и да не учествуваат во овој историски момент. Жалам што ВМРО-ДПМНЕ го избра најлесниот и најгрешниот пат кон ова историско прашање за нашата држава. Со нивното неучество ја потврдија лажната политика и лажниот патриотизам“, рече таа.

Таа им порача на ВМРО-ДПМНЕ дека таа и останатите седум пратеници не се чувствувале како предавници во ниту еден момент.

„Предавници се оние кои бегаат и не нудат решенија и личните цели ги ставаат пред државните. Барем да ни дадеа поддршка за овој амандман и да беа присутни сега и искрено да се боревме за него, со тоа барем нешто ќе останеше како придобивка од нив, ако не на друго место барем тука во архивите во Собранието“, рече Канческа Милевска.

Убедена сум, додаде таа, дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги сфати своите грешки.

Амандманот на независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се однесува називот Северна Македонија да се употребува само за меѓународна употреба. Пратениците не го изгласаа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг