Осумтемина независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе гласаат за уставните амандмани

Макфакс

11/01/2019

17:41

2.973

Големина на фонт

а а а

Пратеничката Емилија Александрова од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата информираше дека во преговори со Владата и Беса на Билал Касами нормативно е допрецизиран начинот на кој ќе биде напишано државјанството на другите етнички заедници.

Според Александрова ова допрезицирање е во согласност со досегашните уставни измени конкретно амандманот 5. Пратничката истакна дека ова е прифатливо за осумте пратеници и дека тие ќе гласаат за уставните промени.

„Во изминатите неколу денови во преговорите со Владата успеавме да опстоиме на своите ставови и да ги одбраниме македонските интересни. Покрај веќе утврдените амандмани нормативно е допрецизирн начинот на кој ќе биде напишано државјанството за другите етнички заеднички. Ние ќе гласаме за уставните промени и се надеваме дека се ќе биде завршено денеска“, рече Александрова.

По средбата на Заев и „осумката“ беше испратено заедничко соопштение.

„Ја информираме јавноста дека со заедничко учество успеавме да постигнеме договор за конечноста на уставните амандмани и уставниот законик со што се обезбедува најмалку 2/3 мнозинство во Парламентот. Добивме максимално можно добар текст на уставните амандмани и уставниот законик за спроведување на договорот од Преспа со што уште еднаш се потврдува македонскиот идентитет, внатрешна примена на договорот од Преспа и стапувањето на сила на уставните амандмани. Уште еднаш потврдуваме дека државјанството е македонско/ граѓани на Република Северна Македонија“, пишува во соопштението.



Спонзорирани линкови

Маркетинг