Етничката припадност на граѓаните ќе влезе во личните карти со договорот помеѓу Заев и Беса

Макфакс

11/01/2019

16:28

4.505

Големина на фонт

а а а

Премиерот Зоран Заев постигна договор со Беса на Билал Касами, потврди портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов. Тој не откри за што се договориле Заев и Касами и најави дека ќе следува заедничко соопштение. Неофицијално барањата на Беса ќе се регулираат со друг закон.

Костадинов истовремено демантираше дека се врши притисок врз пратениците да гласаат за уставните измени, додавајќи дека никој не им се заканува.

Не знаеше да одговори кога ќе започне седницата која неколку пати во текот на денот се одложува.

Неофицијално треба да започне во 16 часот. Според други неофицијални информации, пак, седницата ќе започне кога ќе замине германската канцеларка Ангела Меркел од Атина.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери вели: „Кога ќе почне ќе почне”.

Во меѓувреме, најавена е средба на независните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со Заев.

Предлог амандманот на Беса на Касами е „За граѓаните од Албанската етничка припадност, во прописите и другите акти на државните органи државјанството на македонски јазик ќе гласи “македонско/граѓани на Република Северна Македонија” на албански јазик ќе гласи “eMaqedonisë/qytetar i Republikës së Maqedonisë Veriore” и на англиски “macedonian/citizen of Republic od North Macedonia”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг