На сила качиле арачиновец во „голф“ и го претепале кај стрелиштето „Камник“

Макфакс

11/01/2019

16:20

1.416

Големина на фонт

а а а

Триесетгодишен жител на село Арачиново во попладневните часови на 10 јануари со повреди бил донесен во општата болница „Свети Наум Охридски“.

Како што било пријавено во полиција, жителот на Арачиново бил нападнат од двајца насилници, кои во скопската населба Ченто на сила го ставиле во автомобил „голф“ и го однеле во близина на стрелиштето „Камник“, каде што го претепале.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг