"Сакам да те помирисам, а наутро може и да не сум толку нежен кон тебе": Протекоа секси пораки кои Безос ѝ ги испраќал на љубовницата

Точка

11/01/2019

17:39

6.130

Големина на фонт

а а а

Милијардерот Џеф Безос, основачот на компанијата Амазон е главна тема во медиумите овие три дена, откако објави дека се разведува од својата сопруга Мекензи. Оваа вест првично го шокираше светот, а потоа беше откриена и главната причина за разводот.

Според пишувањата на американските медиуми, Безос веќе неколку месеци е во врска со поранешната водителка Лорен Санчез, а сега се објавени и пораките кои милијардерот ѝ ги испраќал на љубовницата. 

Наводно Безос на својата љубовница ѝ испраќал селфи фотографии без маица, од своите гениталии, но и бројни секси пораки пренесува Дејли Меил.

Се шпекулира дека нивната афера трае осум месеци и дека за тоа време се гледале и во своите домови, приватни авиони, на патувања и на луксузни вечери.


Нивниот однос го откри магазинот The National Enquirer, чии новинари ги следеле по хотели, вклучувајќи и еден во Бостон и тоа само на неколку часа откако семејството на Безос го напушти хотелот.

Парот бил следен 4 месеци, а сè започна кога Лорен била уловена како го напушта приватниот авион на Безос со својата сестра.

Според изворите на новинарите, Безос е заљубен во Лорен, а во една од пораките ѝ пишува дека не мора да се грижи за падобранот, бидејќи во овој случај скокаат заедно.


Според тврдењата на The National Enquirer, Безос ја одвел Лорен на одмор со приватен авион вреден 65 милиони долари, а ѝ испраќал и еротски селфи фотографии кои биле премногу експлицитни за да ги објави магазинот.

Тие тврдат дека Безос често ја нарекувал Венди, кое е инаку нејзиното средно име. Исто така, честопати летал заедно со неа со неговиот хеликоптер, а иако и двајцата негираат дека ги изневерувале своите сопружници, медиумите тврдат дека тоа не е точно.


Магазинот тврди дека неговите непристојни секси пораки упатени до Санчез, која сè уште е омажена и има три деца, датираат од април.

"Те сакам, жива девојко. Ќе ти го докажам тоа со своето тело, усни и очи наскоро".

"Сакам да те помирисам, сакам да дишам во тебе. Сакам цврсто да те држам. Сакам да ги бакнувам твоите усни. Те сакам. Заљубен сум во тебе".

"Ми недостигаш. Сакам да те бакнам и нежно да те милувам".

"Многу е голем, поголем од кога и да било и уште расте. А, потоа може да те разбудам наутро и да не сум толку нежен кон тебе".


"Твојата енергија и идеи, твојата способност и дух ме возбудуваат. Ме правиш подобар човек, создадена си за мене".

"Полн сум со љубов кон тебе. Моето срце расте така што има место само за тебе. Поголемо е од кога и да било".

"Знаеш ли што сакам? Сакам да пијам малку со тебе вечерва. Само малку да се поднапијам. Сакам да зборувам со тебе и да планирам со тебе. Да слушам, да се смеам, да бидам со тебе. Сакам да заспијам пред тебе и да се разбудам утре и да читам вести со тебе и да пијам кафе".


Безос и Лорен претходно се среќавале на бројни настани и тоа во друштво на своите тогашни партнери. Милијардерот на својата љубовница ѝ предложил афера уште на забавата на Vanity Fair по повод доделувањето на Оскарите.

Парот беше забележан на 30 октомври минатата година во ресторан во Беверли Хилс. После вечерата отишле во куќата на Безос, а Лорен ја напуштила куќата дури следното утро.




Спонзорирани линкови

Маркетинг