ВМРО-ДПМНЕ нема да ги бојкотира претседателските избори

Макфакс

10/01/2019

18:51

928

Големина на фонт

а а а

ВМРО-ДПМНЕ нема да ги бојкотира претседателските избори што треба да се одржат во април годинава. Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, на политичките противници им порача жесток пораз.

„Ќе одиме на избори и жестоко ќе ве поразиме од прв до последен. Македонци да си ја вратиме државата. Оваа темнина ќе заврши, ВМРО-ДПМНЕ е народот, а народот е Македонија“, рече Мицкоски.

Тој ја обвини власта дека го користи сиот свој недемократски потенцијал да победи на наместени избори.

„Па затоа тргнаа пред претседателските избори да вработуваат, да вдомуваат, да корумпираат, малку од малку да купат мир во своите редови затоа што ветуваа многу. Но залудно е, тоа нема да им помине, ниту пак нови избори кои ќе ги наместат ќе им поминат. Ниту сите овие аналитичари поранешни помилувани политичари кога викаат дека ВМРО ќе бојкотира, нема да бојкотира ВМРО. Со сите неправди и со сите злоупотреби ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Подобра Македонија, ќе ве растури на претседателските избори, така што нема да знаете што ве снашло“, рече Мицкоски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг