Продолжува седницата за уставните амандмани, пред Законодавниот дом нови протести

Макфакс

10/01/2019

11:50

1.373

Големина на фонт

а а а

Во Собранието денеска продолжува 75-тата седница за уставните амандмани. Седницата за уставните промени ќе продолжи денеска во 13 часот кога ќе почне дискусијата за поднесените амандмани.

На вчерашната седница премиерот Зоран Заев ги образложи четирите амандмани со што седницата беше прекината и презакажана за денеска. „Да се издигнеме над делбите и да гледаме како се вее нашето знаме пред Брисел“, порача премиерот Заев и ги повтори аргументите дека со уставните измени се гарантирани јазикот и идентитетот.

Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, како и пратениците од Беса на Касами, не присуствуваа на продолжението на вчерашната собраниска седница. Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, од пред Собранието порача дека нема да дадат летимититет за промена на Уставот и дека ќе го искористи своето право на демократски протест. На протестите на „Македонија блокира“ пред Собранието се приклучи и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со пратениците од неговата партија.

Од „Македонија блокира“ нови протести против уставните промени најавија и за денеска.

Протестот ќе почне во 12 часот, или еден час пред почетокот на собраниската седница.



Спонзорирани линкови

Маркетинг