Њујорк се бори со најголемата епидемија на морбили, голем број на случаи и на глобално ниво

Точка

09/01/2019

17:49

3.311

Големина на фонт

а а а

Новата епидемија на морбили во Њујорк е воедно и најголема во историјата на оваа област, и се случува во време кога има епидемии на мали сипаници и на глобално ниво.

Од појавата на епидемијата во септември, биле дијагностицирани морбили кај најмалку 112 лица во окрузите Рокленд и Оринџ и кај најмалку 55 лица во Њујорк, според бројките овозможени од здравствените служби кои беа објавени овој вторник. 

“Би рекол дека ова е најголемата епидемија со која се соочува Њујорк во последните неколку години”, вели д-р Хауард Закер, државен комесар за здравство.

“Ако се вратиме неколку децении наназад кога не бевме вакцинирани, секако дека имало поголем број на епидемии, но јас не помнам епидемија на морбили од вакви размери. Имаме имунизирано околу 13 илјади деца од почетокот на епидемијата”, додал тој.

Ширењето на болеста започнала откако неколку деца заболеле при посета на Израел во септември.

“Најголемата епидемија на морбили во Њујорк беше во 2013 година, кога беа пријавени 58 случаи. Се надевам дека нема да ја надминеме таа бројка, но сѐ уште сме на средина на епидемијата”, вели д-р Џејн Закер од бирото за имунизација во Њујорк.

Многу од случаите се поврзани со интернационални патувања

На национално ниво, 2018 година беше година на втората највисока бројка на дијагностицирани морбили во повеќе од две децении, со 273 случаи. Во 2015 година, епидемијата поврзана со Дизниленд броела 147 случаи, а во 1996 година на национално ниво биле пријавени 508 случаи на морбили.


Во периодот пред 1963 година, кога вакцината против морбили станала достапна, речиси сите деца биле заболени од мали сипаници до својата 15-та година, според податоците на американскиот Центар за контрола и превенција на болести. Проценето е дека 3 до 4 милиони лица во САД биле заразени секоја година.

Но, во последно време бројката на невакцинирани деца во Америка нагло се зголемува. Центарот за контрола и превенција на болести во октомври објавил извештај во кој се вели дека процентот на деца кои не примиле вакцина до две години пораснал од 0,9 отсто во 2011 година до 1,3 отсто во 2015 година.

Од Центарот препорачуваат дека вакцината против мали сипаници-заушки-рубеола односно ММР помага во спречување на ваквите вируси. Морбилите се многу заразна болест која се пренесува преку кивање и кашлање, како и преку директен контакт со заразено лице. Малите деца и бремените жени се помеѓу лицата со најголем ризик за тешки компликации кои можат да доведат до смрт.

“Многу од нашите случаи се поврзани со патувања”, вели Џејн Закер и додава дека сите, особено децата од 6 до 11 месечна возраст мора да се вакцинираат пред да ја напуштат државата.

“Досега има појава на епидемија на морбили во многу земји во Европа, како и во Израел, па затоа луѓето мора да се заштитат пред да патуваат”, додава Закер.

“Страшно и неочекувано”

Невакцинираните патници можат брзо да ја рашират болеста кога ќе пристигнат во друга земја, особено доколку тие се дел од општество кое има ниска стапка на вакцинирани, предупредува д-р Наташа Бургерт, педијатар од Мисури.


“Кога ќе слушнам за епидемии на болести кои можат да се спречат со вакцина, жал ми е за сите оние деца и фамилии кои страдаат. Морбилите се опасни по живот и можат да имаат долгорочни последици”, вели Бургерт и додава дека е среќна што клиничарите агресивно работат за да спречат дополнително ширење на болеста, но има уште многу работа која треба да биде завршена.

“Историјата нѝ кажува дека со бројот на заболени лица кој продолжува да расте, ќе почнеме да ги гледаме смртните случаи од оваа болест”.

Тања Алтман, портпарол на Американската академија на педијатари вели дека морбилите се шират многу брзо низ земјата.

“Потребно е само една личност која патува со авион да зарази 90 отсто од останатите невакцинирани патници. Пораката на сето ова е да се погрижите вашите деца да се навремено вакцинирани”, заклучува Алтман.



Спонзорирани линкови

Маркетинг