Трамп со драматично обраќање од овалната канцеларија: Бара пари од Конгресот за изградба на ѕидот и на прагот е да прогласи вонредна состојба!

Точка

09/01/2019

10:06

2.961

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп побара од Конгресот 5,7 милијарди долари оваа година за да се изгради ѕид на границата со Мексико, но не прогласи вонредна состојба, која би можела да доведе до финансирање на тој проект.

Тој во телевизиското обраќање на нацијата рекол дека на американско-мексиканската граница сè поголема е безбедносната криза, пренесува Глас на Америка. 

"Во текот на годините, илјадници Американци брутално ги убиваа оние кои илегално влегуваа во нашата земја, а уште илјадници животи ќе бидат изгубени дококлу не реагираме веднаш. Ова е хуманитарна криза, криза на срцето и душата. Минатиот месец, 20.000 деца илегално влегоа во САД, што е значајно повеќе. Тие деца ги користат како пиони на суровите банди и бескрупулозните криумчари", вели Трамп.


Меѓутоа, после неколку дена кога нагодуваше дека би можел да ги искористи своите претседателски овластувања да прогласи вонредна состојба, како прв чекор да ги пренасочи парите за ѕид без дозвола на Конгресот, Трамп делуваше како да е подготвен наместо тоа да продолжи на пронаоѓање решение со Конгресот.

За време на обраќањето Трамп рекол дека единствена причина што владата е затворена е тоа што демократите одбиваат да го финансираат обезбедувањето на границата.


"На сите граѓани им препорачувам, повикајте го Конгресот и кажете им конечно, после толку децении, да ги обезбедат нашите граници. Тоа е избор помеѓу исправното и погрешното, правдата и неправдата. Прашање е дали можеме да ја исполниме својата света долност кон американските граѓани на кои им служиме", рекол Трамп.

После обраќањето на Трамп, на нацијата ѝ се обрати и лидерот на демократите во Конгресот. Новоизбраната Ненси Пелоси порача дека претседателот Трамп мора да престане да ги држи американските граѓани како заложници, да престане да произведува криза и дека мора повторно да ја отвори владата.

Таа додаде дека претседателот избра страв, а дека демократите сакаат безбедна граница, но со почитување на американските вредности, истакнувајќи дека децата и жените мигранти не претставуваат закана за безбедноста.



Спонзорирани линкови

Маркетинг