Четири нови случаи на морбили во Скопје

Макфакс

08/01/2019

18:07

1.483

Големина на фонт

а а а

Од почетокот на епидемијата со морбили (мали сипаници) до денеска, вкупно се хоспитализирани 19 пациенти. Во моментот на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби има 11 пациенти, кои се во стабилна состојба. Од нив, четири се деца и денеска ги пуштаме на домашно лекување бидејќи нивната здравствена состојба овозможува да си одат дома, информира денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Денеска се примени уште две деца, едно 18-месечно од градинката „Фидани“ во Чаир и второто дете на 4-годишна возраст од градинката „Бубамара“ во Ново Лисиче – и двете деца биле невакцинирани. Исто така, хоспитализирани се и двајца возрасни, на 28 и 30-годишна возраст, од кои едното лице е со примена една доза вакцина, а другото е со непознат вакцинален статус.

Досега се вакцинирани 1.300 деца со МРП-вакцините.



Спонзорирани линкови

Маркетинг