Налета на погрешен човек: Телохранителот на украинскиот претседател нокаутиран и усмртен со еден удар

Точка

04/01/2019

22:03

16.908

Големина на фонт

а а а

Телохранител на украинскиот претседател Петро Порошенко после еден конфликт со случаен минувач доби „фатален“ удар по што како покосен падна на тлото.

Во украинскиот главен град Киев, во ноќта помеѓу 2-ри и 3-ти јануари дошло до тепачка помеѓу 26—годишниот припадник на обезбедувањето на украинскиот претседател Петро Порошенко – Василиј Хмељук и случаен минувач кој што шетал со своите две кучиња.

После кратката расправија, телохранителот доби удар во главата по што како покосен се сруши на тлото, а украинските медиуми пренесоа дека подоцна во болница го загубил животот.

Како што пренесуваат украинските медиуми, осомничен за убиството е познатиот украински боксер Петро Очеретјани на кого сега му се заканува затворска казна од 15 години. Снимката од убиството на членот на обезбедувањето на украинскиот претседател беше објавена на интернет.



Спонзорирани линкови

Маркетинг