Кинезите развија специјални школски униформи: Нема бегање од часови и спиење за време на наставата!

Точка

29/12/2018

11:30

2.868

Големина на фонт

а а а

Кинеските училишта ќе може да ги следат нивните ученици благодарение на паметните униформи во кои што се вградени посебни чипови. На овој начин, кинеските власти сакаат да ја зголемат присутноста на децата на наставата.

Оваа имплементација, според мислењето на критичарите, но и родителите, сепак многу е застрашувачка. Од друга страна, кинеските наставници сметаат дека следењето на учениците би можело да биде од голема корист во разни случаеви, не само кога бегаат од часови, туку и кога станува збор за сериозни безбедносни ситуации.

Секоја униформа има по два чипа вградени на рамената кои се користат за следење на учениците кога влегуваат и излегуваат од училиштето, а на влезовите ќе бидат поставени софтвери за препознавање на лице со цел да се открие дали вистинскиот ученик ја носи вистинската облека.


Покрај тоа, униформите се опремени со сензори кои што би можеле да детектираат доколку ученикот спие за време на наставата.

Кинезите досега ги вовеле овие униформи во девет училишта, а првите резултати покажале дека училишната администрација секогаш ќе биде приморана да ги следи учениците поради честото бегање од часови.