Мијалков: Љубе Бошкоски не беше апсен поради мој анимозитет кон него

Макфакс

27/12/2018

12:19

2.310

Големина на фонт

а а а

Во текот на нашето работење, како еден од членовите на раководството најодговорно тврдам дека никогаш не се работело врз основа на каков било анимозитет туку исклучиво врз база на докази, рече првообвинетиот Сашо Мијалков на денешното рочиште за предметот „Тортура“ каде што заедно со уште 6 припадници на единицата „Алфа“ е обвинет за извршена тортура при апсењето на Љубе Бошкоски.

„Во случајот со апсењето на Бошкоски постоеле докази врз основа на кои надлежниот судија дал налог за апсење за кривично дело за кои јавноста имаше можност да го види од видеоматеријалите на кои се гледа како Бошкоски по третпат зема незаконито 100 илјади евра во кеш кои ги фрла за да се ослободи од нив. Се дава во бегство по што овластените службени лица од Бирото за јавна безбедност видовме како го уапсија согласно со стандардите и обуките што ги имаат поминато“, рече Мијалков по што додаде дека ниту еден доказ во постапката досега не укажал на тоа дека станува збор за анимозитет како причина за апсењето на Бошкоски.

На денешното рочиште за „Тортура“ се пуштаат видеоснимки од прес-конференции и говори од изборната кампања за предвремените парламентарни избори во 2011 година на оштетениот Бошкоски и членови на неговата партија Обединети за Македонија на кои се говори за наводни сметки на обвинетиот Сашо Мијалков и Орце Камчев, како и нивните јахти кои, како што вели Бошкоски во говорите, пловат под знамето на Панама, која се смета за даночен рај.

По пуштање на првата снимка, обвинетиот Мијалков повторно побара збор по што истакна дека Бошкоски јавно му се извинил за изречените клевети во говорите од предизборната кампања.