Путин наредил лансирање на супер-ракети: Погледнете како хиперсоничниот "Авангард" погодил директно во мета, од оваа ракета нема одбрана

Точка

26/12/2018

18:11

8.415

Големина на фонт

а а а

Новиот руски хиперсоничен ракетен систем "Авангард", кој може да носи нуклеарни и конвенционални боеви глави, успешно е тестиран, а на тестирањето присуствувал и рускиот претседател Владимир Путин, соопштил денес Кремљ.

Министерството за одбрана на Русија, по наредба на претседателот Владимир Путин во средата извршило успешно лансирање на ракетите "Авангард" со хиперсонична крстаречка борбена единица, соопштила прес службата на Кремљ. 

"Путин дојде во Националниот центар за управување со одбрана и нареди да се почне со тестирање. Лансирањето го изврши борбената единица за ракетни сили за стратешка намена од областа Домбаровски на условна мета на полигонот на територија на Камчатка", се прецизира во соопштението.

"Во текот на летот со хиперсонична брзина, крстаречкиот блок изврши вертикално и хоризонтално водено маневрирање и во назначено време погоди условна мета на полигинот", се истакнува во соопштението.

"Путин им се заблагодари на конструкторите на "Авангард" и учесниците на пробните лансирања и Министерството за одбрана на одлично завршената работа", додава Кремљ.

Исто така се наведува дека програмата за контролни пробни летови на ракетите од системот "Авангард" е извршена во целост и овозможува системот да се воведе во вооружувањето во поставениот рок.

Рускиот претседател во март најавил нови оружја, вклучувајќи го и "Авангард" и порачал дека таа може да погоди било која точка во светот и дека може да го избегне американскиот ракетен штит.