Иако е сомнено дека некогаш ќе ви здодеат безвременските хитови како „Home alone“ (секако, само првите три дела) и „Love Actually“, време е да им дадете шанса и на некои други, по малку занемарени божиќни филмови.
Веројатно сите класици сте ги изгледале веќе неколку пати, па затоа сега е време за некои малку посвежи предлози, кои исто така ќе ви ја донесат божиќната магија во вашиот дом и вашите срца.
Во продолжение издвоивме 10 божиќни филмови кои можеби уште не сте ги погледнале, барем не сите, а навистина треба да им дадете шанса, доколку тоа е вашиот омилен филмски жанр:
1. „A Bad Moms Christmas“, 2017
Ако во првиот дел ве забавуваа неволјите со кои се соочуваа злобните мајки во истоимениот прв дел од филмот, погледнете како го поднесуваат стресот кој со себе го носат божиќните празници и повторно ќе се смеете до солзи.
2. „Trading places“, 1983
Класичната приказна за размената на животот помеѓу богатите и сиромашните, која ниогаш нема да застари во филмот кој сето тоа го започна и кој, без причина, воглавно е занемарен на овие листи, иако веруваме дека многумина од вас ќе се сложат дека се работи за класика.
3. „A Long Way Down“, 2014
Ако ви здодеаа досадните слатки божиќни комедии, овој филм ќе ви донесе доза стар добар црн хумор, а истовремено нема да ви го расипе празничното расположение.
4. „Lovely, Still“, 2008
Доза драма што носи прекрасната љубовна приказна за двајца луѓе во зрели години, која, како што веќе погодувате, се одвива за Божиќ!
5. „The Man Who Invented Christmas“, 2017
Малку поинаква приказна за писателот Чарлс Дикенс, кој се обидува да ја напише најдобрата божиќна приказна и така да се спаси од својата лоша финансиска ситуација, но тоа баш не му оди најдобро, па ќе побара помош од своите измислени книжевни ликови.
6. „The Polar Exspress“, 2004
Ова е филм за сите оние кои сè уште го негуваат детето во себе и сакаат да гледаат цртани. Оваа анимирана приказна за момчето кое почнува да се сомнева во Дедо Мраз, ќе ги воодушеви возрасните и ќе ви ја разбуди надежта во Божиќни чуда.
7. „Four Christmases“, 2008
Смешна приказна за паровите кои, обидувајќи се да избегаат од празничното лудило, се впуштаат во разни неволји, само за да сфатат дека е невозможно да го прескокнат Божиќ.
8. „A Very Harold & Kumar 3D Christmas“, 2011
За сите вас кои сакате да го опуштите мозокот додека гледате филмови, ќе се погрижи овој познат урнебесен близнак и тоа во божиќно издание.
9. „Daddy's Home 2“
Доколку сте го гледале првиот дел и ви се допадна, задолжително за празниците погледнете ги и познатите „татковци“, во божиќно продолжение кое исто така предизвикува огромна количина смеа.
10. „Christmas Vacation“, 1989
За крај, еден класик кој или го обожувате или го мразите, зависно од чувствата кои ги негувате кон Чеви Чејс и неговиот вид на хумор. Но, во која група и да припаѓате, оваа семејна комедија би требало да ја погледнете барем еднаш во животот.