Менаџерот на Евертон смета дека отказот за Мурињо е лоша вест

Дерби

22/12/2018

13:24

1.483

Големина на фонт

а а а

Разделбата на Жозе Мурињо и Манчестер Јунајтед останува актуелна тема, а истата ја коментираше и менаџерот на Евертон, Марко Силва.

Според него, отказот за неговиот сонародник е лоша вест за фудбалот.

– Мислам дека на фудбалот му се потребни најдобрите менаџери, а Жозе е еден од нив. За мене ова е навистина лоша вест, посебно кога гледаш дека заминува добар пријател како Мурињо.

– Тој е победник, освојуваше трофеи во повеќе земји и сигурно повторно ќе се врати триумфално, а ова би го кажал и кога некој фудбалер е повреден подолго време. На пример кога Кевин де Брујн не играше неколку месеци, мислам дека тоа беше лошо за фудбалот, – потенцира Силва.



Спонзорирани линкови

Маркетинг