Иванов го потпиша Законот за амнестијата

Макфакс

21/12/2018

13:22

2.876

Големина на фонт

а а а

Претседателот Ѓорге Иванов го потпиша Законот за амнестијата. Законот вчера е објавен во „Службен весник“, што значи дека веќе тече рокот од 5 дена за пријавување на обвинетите за случувањата во Собранието на 27 април минатата година.

Законот за амнестијата, кој на 18 овој месец беше донесен со 95 гласа „за“, ниту еден „против“ и ниту еден „воздржан“, е веќе потпишан од страна на претседателот Ѓорге Иванов и вчера е објавен во „Службен весник“, со што стапи во сила.




Спонзорирани линкови

Маркетинг