Мицкоски: Ми се смееја за грешката на сите портали, зошто тие немаат емоции кон Македонија како јас

Макфакс

20/12/2018

21:01

3.890

Големина на фонт

а а а

„Ќе ги стигне и казната за тоа што го направија на Република Македонија, на македонскиот народ. На следните парламентарни избори ќе ви покаже народот дали наместените анкети се вистинската слика за Македонија.

Минатата недела во Велес поминавме прекрасно, во градот на Рацин и гемиџиите, ми се случи еден пех, го објавуваа по сите портали, се смееја, ги разбирам, не знаат што е емоција, не знаат што е сентимент, но за мене и овие луѓе овде тоа е љубов и емоција и се вика Република Македонија“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој на протестот во Велес го заборави говорот.

Борбата штотуку почна, додаде тој, и нема запирање додека не ги поразиме.

„Првата победа ќе биде на претседателските избори и мора да бидеме сложни и мотивирани. Во април доаѓа големата победа која ќе најави предвремени парламентарни избори“, рече Мицкоски вечерва на четвртиот протестен марш во Скопје.

Тој од пред Владата повторно го повика премиерот Зоран Заев на ТВ дуел.

„Бирај време, бирај место, бирај медиум. Јас и ти тет-а-тет пред Нова година да си кажеме што имаме“, му порача Мицкоски на Заев.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека ќе гласаат за секој оној кој што може да се спаси од политики прогон. „Ова што го прави овој афрички монарх е политички прогон и ќе се бориме до последниот човек без разлика дали е пратеник или уметник или обичен граѓанин“, рече Мицкоски.

Тој ѝ порача на власта дека народот на следните избори ќе ѝ покаже дали наместените анкети се вистинската слика за Македонија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг